Поздравно писмо до организаторите на Македонскиот културен центар “Никола Ј. Вапцаров “ во Благоевград
Имајќи ја во предвид макотрпната ваша упорност и заложба за признавање на правата на Македонците во Бугарија , најсрдечно ви упатуваме честитки за плодна и успешна работа со отворањето на македонскиот културен центар , Никола Ј.Вапцаров во Благоевград.
Овој ден е голем ден за Вас, за нас Македонците во и надвор од Македонија. Ден кога се надеваме дека слободно ќе можете да ги реализирате своите основни човекови права на самоидентификација и чувство. Нешто што Ние, Македонците расфрлени насекаде во светот, во Европа, Австралија , Канада и САД, го имаме и уживаме тоа право на чествување и национално идентификување .
Нека овој светол октомвриски ден биде мост на семакедонско обединување и взаемно помагање во идните искушенија и опасности што демнеат по опстојувањето на македонската нација и држава.
Координативно тело на Македонците во Европа и светот
30 октомври, 2022 година