По низата средби и дебати во текот на последниве неколку години , одредени национални македонски политички субјекти конечно ја разбраа и прифатија идејата за создавање на голема натпартиска Организација, која ќе ги отвори ширум вратите за возвраќање на изгубеното достоинство на Македонецот и ќе направи коренити промени во општеството.
Организација на слободоумни сили и поединци, незадоволни од досегашното три децениско владеење и секако од предавничката антимакедонска “влада” и погубните “добрососедски “ договори склучени од нејзина страна.
Организација во која се вклучуваат партии, здруженија , интелектуалци , поединци каде моралот, принципите и националната освестеност ќе бидат водилка во иднината.
Поврзувањето на Македонците од сите делови на светот во борбата за создавање конечно нова антисеверна сила е еден од важните предуслови во конечната реализација на целта.