Лидерска средба на вон парламентарната опозиција
По повод чествувањето и одбележувањето на годишнината од раѓањето на еден од најголемите борци за самостојна и автономна Македонија, Гоце Делчев , во организација на Координативното тело на Македонците од Европа и светот, се одржа лидерска средба со партиите од Третиот блок.
Општ впечаток од вчерашната прослава во организација на северната “влада” е крајно негаторскиот и потценувачки однос кон Македонците во државата, реализиран преку полициските кордони и забрана на слободно посетување и поклонување на граѓаните кои сакаа тоа да го сторат. До кога Македонецот ќе толерира ваква пониженост и апартхејд во својата сопствена држава?
Што се однесува на самата средба и размена на мислења по главните национални прашања , заклучокот е дека е неминовна што поголема координација за заеднички активности и создавање на што поголема организирана сила што ќе даде надеж на понижениот и обесчестен Македонец во неговата борба за слободна и независна држава.
Поништување односно раскинување на сите “добрососедски “ договори и платформи склучени од нелегалната северна “влада” , овозможување на услови за нови државни стратешки определби кои ќе го ценат и прифатат Македонецот во негова целосна национална и идентитетска форма, се само едни од главните теми што беа дискутирани.
Во наредниот период се очекува проширување на “ преговарачката “рамка и на други национални македонски структури кои ќе допринесат во создавањето на чиста македонска организација која ќе биде на висина на очекуваните надежи на обесправениот и угнетен Македонец.