Госпоѓо Амбасадорке ,
Како Македонски – Американец сметам дека е неопходно да ви одговорам на вашата најнова објава на ТВИТЕР со која што ја информирате јавноста во Македонија за доаѓањето на тим на” експерти “ кој што би ја истражувал и делувал со огромната корупција на сите нивоа во власта и државата .
Ми се чини многу иронично што оваа објава ја ставате на ТВИТЕР , сега во сопственост на Илон Маск, кој штотуку ја објави веста за огромната корупција во сите тела на САД :
Белата Куќа , Државниот Секретаријат ,
ФБИ ЦИА и многу други институции !
И затоа ве прашувам :
Госпоѓо Амбасадорке , со кој морален авторитет тие “ екперти “ ќе ја истражуваат корупцијата во Македонија , кога околу вратот го носат тоаварот на легендарниот Албатрос ?!
Со кој морален и политички авторитет тие ќе ја истражуваат корупцијата во власта и државата која што со години Америка ја поттикнуваат и одржуваат ?!
Со кој авторитет ќе ги казнуваат починителите на криминалот во државата што вие ја направивте ваша сопственост и колонија ?!
Ајде прво да го исчистите ѓубрето во вашите Ајгиеви Штали пред да се грижите за другите !
Нестор Огинар
(6 ти Декември , Њу Јорк )