Огорченост и револт од промената на учебникот по историја за 6 то одделение

Изземањето на македонската историја како и намалувањето односно бришењето на содржини од македонската национална литература, станаа секојдневни појави во новите учебници по историја и македонскиот јазик.

Најновите измени во наставната програма по предметот “Историја и општество “ за 6 то одделение иницирани од Министерството за Образование и наука , само ја потврдува тезата за постепено исчезнување на тематики поврзани со историјата на Македонија и нејзина замена со содржини стокмени по туѓи интереси.

Наместо предметот “Историја и Општество “ да биде целосно посветен на историјата на македонскиот народ и Македонија , тој е поделен во три делови каде ќе се изучува и Географија и Граѓанско Образование.

Сличен третман се применува и во наставата по македонски јазик и литература , каде задолжителни лектири се отстрануваат од наставната програма. Последен случај е остранувањето на романите “Црно Семе” од Ташко Георгиевски и “Црнила” од Коле Чашуле.

Зошто тоа ни се случува и под чиј диктат гасне македонизмот од учебниците е прашање на кое треба да одговори дотичното Министерство. Секако во тој контекст, не можеме а да не се споменат катастрофалните последици од склучените договори со соседите, наспроти волјата на македонскиот народ.

Имајќи ја предвид нашата професионална вокација за учењето и наставата по македонски јазик , литература и историја во светот, секое намалување и бришење на содржини од наставната програма само ќе го отежнат нашиот трнлив пат во реализирањето на нашата благородна просветна дејност.

Упатуваме апел за прекин на предложените промени и драстично зголемување на часовите по македонски јазик и историја. “Јазикот е наша татковина “ “ Историјата е мајка на знаењето

Од “Здружението на наставници по македонски јазик во светот”

14 јули 2023

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close