Протест на Македонската Заедница пред Француската и Бугарската Амбасада во Лондон против т.н. француски предлог

Ambassador: Catherine Colonna

Embassy of France, London

58 Knightsbridge,

London

SW1X 7JT

23rd July 2022

Почитуван господине Макрон и Драга Францијо,

RE: Француски Предлог за Македонско-Бугарскиот Проблем

Ние, Mакедонската Заедница во Обединетото Кралство, сме свесни за Ревидираниот Француски Предлог („РФП“), кој се обидува да понуди решение за Бугарско-Македонскиот спор и Бугарија да го укине своето вето и да и дозволи на Македонија да го започне процесот на пристапување во ЕУ.

Главните елементи на РФП се:

  1. Сите споменици во Македонија кои не се одобрени од Бугарија мора да се урнат.
  2. Македонскиот јазик ќе биде признаен како само Бугарски дијалект, а не како посебен јазик.
  3. Македонскиот народ нема да биде признаен како посебна етничка група, туку како потомок од Бугарите.
  4. Целата историска документација од 1945 до 1990 година ќе биде однесена во Бугарија на одобрување, преку „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“. Ова воведува билатерални прашања во процесот на пристапување во ЕУ, поткопувајќи го значењето на Копенхашките критериуми.
  5. Македонците ќе се соочат со затворски казни за каков било „говор на омраза“ против Бугарите. Бугарија тврди дека вклучувањето во македонските учебници и училишната програма на нејзината историска улога во Оската, нејзината фашистичка окупација на Македонија и нејзината улога во геноцидот врз македонските Евреи, сите претставуваат „говор на омраза“.
  6. Нови историски учебници и училишна програма во Македонија ќе мора континуирано да ги одобрува Бугарија.
  7. Сите нови Македонски книги и филмови ќе треба да бидат одобрени од Бугарија. Оние кои не се одобрени ќе бидат забранети.
  8. Бугарите мора да се додадат како уставен народ во македонскиот устав. Во меѓувреме, во Бугарија македонското малцинство нема ни право на слобода на здружување. Европскиот суд за човекови права 14 пати пресуди против Бугарија за кршење на ваквите права на Македонците во Бугарија. РФП не нуди уставни гаранции за Македонците во Бугарија и го инкорпорира Договорот за пријателство (2017) кој бараше Македонија да ја отстрани уставната заштита на споменатото малцинство.
  9. Забрана за употреба на картата на етничка Македонија. Во меѓувреме, Бугарија одржува годишен национален празник во знак на сеќавање на Договорот од Сан Стефано (1878), кој ја формира основата за иредентистичките и територијални претензии на Бугарија врз Македонија.
  10. Мора да има заедничко празнување на празниците и историските личности, кои биле централни во македонското ослободително движење во 19 и 20 век.

Плус уште многу отворени и еднострани барања.

Господине Макрон и Француска Владо, со вашиот предлог барате да ја уништите најстарата цивилизација во Европа – Македонија, принудувајќи ја Македонија и Македонците да ги прифатат бугарските наци-фашистички барања кои се легитимирани од Франција и ЕУ.

Истата политика беше наметната и за време на Првата и Втората светска војна, кога нацистичка Германија и дозволи на Бугарија да ја окупира Македонија и да врши терор врз македонскиот народ. Пример за ова е Масакрот во Ваташа (1943), каде што 12 млади Македонски момчиња беа убиени само затоа што одбиле да подлегнат на Бугарските фашистички окупатори. Сега, Бугарија ја продолжува својата националистичка и ксенофобна агенда, само под превезот на таканаречената „Демократија на ЕУ“.

Почитуван Француски народ, можеби не сте свесни што е предлогот на вашиот Претседател и влада, но дозволете ни да ви кажеме дека овој предлог го прекршува секое меѓународно признаено човеково право на кое Македонците имаат право. РФП и барањата на Бугарија се културен геноцид врз македонскиот народ. Тие отелотворуваат највисок степен на дискриминација и отворено се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, спротивно на меѓународното право.

Почитуван г-дине Макрон и Француска владо, вие правите голема неправда кон Македонскиот народ, како и кон Франција и Францускиот народ, со учеството во овој геноциден предлог против библиската нација Македонија.

Пожелно решение за спорот е Бугарија да го признае правото на Македонија на самоопределување и самоидентификација, како и признавање на постоењето на македонскиот народ и малцинство во Бугарија. Секоја земја во Европа, освен Грција, го нуди ова признание. Ако Бугарија одлучи да го стори истото, веројатно е дека Македонија и Бугарија ќе имаат блиски политички и стратешки односи. Меѓутоа, сегашниот пристап и политика на Бугарија претставува закана за стабилноста и мирот во поширокиот балкански регион, само служејќи за поттикнување на национализaм и конфликт.

Македонската Заедница во Обединетото Кралство и ширум светот го осудува ваквиот грозоморен, геноциден предлог и апсолутно го отфрла во сегашната форма. Бараме извинување од Француската влада и итно повлекување и отповикување на овој предлог. Барањата на РФП и Бугарија се неприфатливи за Македонците. Ниту една друга нација во светот не би се согласила да направи такви отстапки, дури и да има гаранција дека тоа ќе го обезбеди нивното членство во ЕУ.

Да живее Македонија!

Потпишано од,

Македонската Заедница на Обединетото Кралство.

П.С. Ова писмо ќе биде испратено до сите медиуми во Обединетото Кралство и до сите заинтересирани страни ширум светот.

https://bregalnicki.mk/protest-na-makedonskata-zaednica-pred-francuskata-i-bugarskata-ambasada-vo-london-protiv-t-n-francuski-predlog/?fbclid=IwAR226n3UnXqu3RZpIAcYNvvZgSRM3juwVx5Lf_PYw8sepqWZExVP_m3BffA

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close