Во знак на чествување и одбележување на 11 Октомври , денот на македонскиот отпор против бугарскиот и германскиот окупатор, група Македонци од светот има посветена и плодна дебата за тој настан.
Евоцирајќи спомени и пишани документи од историјата на македонскиот народ, секој од учесниците со своја интерпелација, направија анализа и ретроперспектива за свеста на Македонецот на тој ден да тргне во походот кон реализирање на вековниот сон за создавање на своја слободна држава.
Бунт и револт кон оној кој го владее и окупира, кон оној кој го ништи и не го признава. Нека тој ден остане засекогаш запаметен како светол ден на одлучноста, решителноста и храброста на Македонецот за неприкосновена борба и конечна победа !
Нека ни е честит денот на востанието на македонскиот народ !
Координативно тело на Македонците во Европа и светот
12 Октомври, 2022, Женева, Лондон, Хелсинки, Брисел, Њујорк, Окланд
Facebook Видео
https://www.facebook.com/MacedoniansInEurope/videos/634495088232572