По иницијатива на Здружението на наставници по Македонски јазик во светот, по повод 24 Мај празникот на Св. Кирил и Методиј, Македонски деца кои живеат на сите светски меридијани во целиот свет снимија свои кратки видео пораки.
Преку песнаа, рецитали, перформанси дечињата зборуваат за својата азбука, за својот јазик и за Св, Кирил и Методиј.
Со овие пораки младите Македонци од Швајцарија, Австралија, Флорида (САД), Германија, Шведска… праќаат топли поздрави во целиот свет и во својата татковина Македонија и глас дека Македонскиот јазик ќе продолжи да живее секаде каде што се тие.
“Здружението на наставници по Македонски јазик во светот” (засега) е неформална група на наставници кои што предаваат Македонски Јазик за Македонските дечиња во голем број на светски и европски држави.
https://www.facebook.com/watch/?v=547416176733304&ref=sharing