Соопштение: Против менување на Уставот

Во пресрет на последниве најави на одредени политички владеачки и опозициони кругови во државата, по прашањето поврзано со повторно менување и отворање на Уставот на Македонија, со свој став се произнесе и Координативното тело на Македонците во Европа и светот.

Се осудуваат сите најави, потфати и чекори на било кој политички фактор во Македонија и надвор од неа, кои заговараат повторно менување и отворање на Уставот.

Никакви гаранции не се потребни да се бараат од ЕУ и Брисел заради внесување на неколку стотици поткупени “Бугари” во преамбулата на Уставот. Всушност при секое чепкање на истиот, одредена малцинска заедница упорно настојува и успева да бара свои права кои всушност имаат за цел федерализација на државата .

Тој процес е веќе започнат од 2001 со Рамковниот и трае до бесконечност.

Истовремено се осудува циничната и бескруполозна негаторска политика на ЕУ спрема именувањето на државата, како и нејзината вмешаност и условување во процесот на преговори .

Никој нема право однадвор да се меша во внатрешните односи и одлучување на државата . Тоа важи како за соседите, така и за Брисел.

Не за повторно менување на уставот !

28 октомври , 2022

Координативно тело на Македонците во Европа и светот.

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close