Во пресрет на последниве најави на одредени политички владеачки и опозициони кругови во државата, како и отворените заложби на ЕУ државнициии по прашањето поврзано со повторно менување и отворање на Уставот на Македонија, со свој став се произнесе и Координативното тело на Македонците во Европа и светот.
Се осудуваат и негираат сите најави, потфати и чекори на било кој политички фактор во Македонија и надвор од неа, кои заговараат повторно менување и отворање на Уставот.
Никакви гаранции не се потребни да се бараат од ЕУ и Брисел заради внесување на неколку стотици поткупени “Бугари” во преамбулата на Уставот. Всушност при секое чепкање на истиот, одредена малцинска заедница упорно настојува и успева да бара свои права кои всушност имаат за цел федерализација и поделба на државата .
Тој процес е веќе започнат од 2001 со Рамковниот и трае до бесконечност. Уставите на државите се трајни и темелни вредности што со децении остануваат суштински недопрени и непроменети, додека во Македонија станува секојдневна појава.
Истовремено се осудува циничната и бескруполозна негаторска политика на ЕУ спрема именувањето на државата, како и нејзината вмешаност и условување во процесот на преговори .
Никој нема право однадвор да се меша во внатрешните односи и одлучување на државата . Тоа важи како за соседите, така и за Брисел.
Не за повторно менување на уставот !
24 март , 2023
Координативно тело на Македонците во Европа и светот.
Лондон, Женева, Брисел, Хелсинки, Њујорк, Сиднеј, Торонто