По повод најавеното судење на адвокатот Тони Менкиноски за наводното истакнување на шеснаесет зрачното македонско знаме , упативме апел за масовна поддршка и учество на најавениот протест пред собранието.
Истовремено ги повикуваме сите Македонци во светот, организирани и секој на свој начин да го истакне нашето македонско првобитно знаме како знак на непокор и борба кон сите оние кои ни го забрануваат и оспоруваат нашето македонско чествување и битисување.
Судењето на адвокатот Менкиноски е и судење на секој од нас кој се идентификува како Македонец и антисеверен субјект.
Секоја негова казна и омаложување е истовремено и наша казна .
Да го дигнеме гласот против тиранинот, глас на достоен, горд и непокорен Македонец!
Долу северна “влада”!
“Ние сме Менкиноски “
Координативно тело на Македонците Европа и Светот
14 јуни 2023
Женева, Брисел, Хелсинки, Лондон, Њујорк , Лос Анѓелес, Мелбурн , Торонто…