Инструкции за Гласање на Македонците во Иселеништвото

Излези и гласај!

Секој Македонец кој поседува македонски пасош со новото или старото име или лична карта ќе биде во можност да гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024 година.

За да го оствари гласачкото право, секој Македонец ќе мора да пополни апликација за регистрација за гласање во македонските дипломатски и конзуларни претставништва (ДКПа) низ светот.

Пријавата за регистрација на гласачи, за гласање надвор од Македонија може да ја пополнете тука.

https://dijaspora.sec.mk

Пријавата е адаптирана за пристап и од мобилен телефон.

Доколку сакате да го остварите Вашето право да гласате надвор од Македонија, ќе треба да се пријавите односно да се регистрирате најкасно до 18ти Март 2024. Ако мислите да одите да гласате во Македонија, тогаш не треба да се пријавите тука.

За да се оствари правото на иселениците да гласаат во македонските дипломатски и конзуларни претставништва ширум светот потребно е минимум 7,000 уредно пополнети пријави до 18ти март 2024.

Помогнете да го оствариме нашето право на гласање и регистрирајте се на следнава страна https://dijaspora.sec.mk.

Формулар за апликација – Инструкции за гласање:

  1. Пополни пријава/барање;
  2. Внеси го твојот ЕМБГ број и кодот на сликата;
  3. Пополни образец 29;
  4. Внеси ги податоците во државата во која живееш и последниот престој во Македонија;
  5. Одбери за кои избори би сакале да гласате

Со Почит

Координативно Тело на Македонците

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close