Петиција за Враќање на уставното име Македонија

Потпиши се!

Петиција за враќање на уставното име Македонија – Раскинување на Преспанскиот договор

Денеска и официјално се започнува со објавувањето и потпишувањето на петицијата, иницирана од повеќе македонски здруженија и организации во Европа и светот.

Тоа болно прашање е во ср’жта на сите национални проблеми со кои се соочува секој Македонец и нацијата воопшто.

Целта на овој проект е собирање на што повеќе потписи и легитимност за да одговорните институции во државата го отпочнат процесот на раскинување – поништување на договорот.

Петицијата ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Како се потпишува?

1. Се отвора линкот и се пополнува со лични податоци и емаил.

2. Се споделува линкот на повеќе апликации и може доброволно и да се донира на change.org за поголема масовност на истата.

Времетраењето на пополнување е помалку од 1 минута и секој може да има увид во бројот на потпишани како и коментари и донации.

Петицијата е на македонски и подолу и на англиски јазик во истиот текст. Да ја потпишеме масовно петицијата и да го дадеме на тој начин секој нашиот личен влог за враќање на изгубеното име и идентитет, Македонија!

Потпиши се тука! –> Петиција

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close