Апел од наставниците по македонски јазик во светот
Учи Македонски
Во пресрет на почетокот на новата учебна година, повеќе од стотина наставници по македонски јазик во светот, упатија апел до сите заинтересирани Македонци и љубители на македонскиот збор за што помасовно изучување и посетување на настава по македонски јазик.
Во моменти на оспорување и негирање на нашиот национален идентитет од соседните држави, јазикот ни останува најголема придобивка и темел на македонското битие и опстојување.
Распрснати на сите континенти, Македонците во светот, од многу поодамна се организираат преку разновидни организации и здруженија во зачувувањето на својот богат фолклор, јазик и традициии.
Да продолжиме и во иднина !
“ Јазикот е наша единствена татковина!”
Здружение на учители по македонски јазик во светот